Ова е потребно за да ги намалиме нивоата на стакленички гасови и за да ги избегнеме штетните последици од климатските промени.
Енергетскиот патоказ на ЕУ за 2050 година предвидува намалување на емисиите од стакленички гасови за 80% споредено со нивоата во 1990 година. Оваа цел е важна за земјите од Југоисточна Европа поради потребните прилагодувања кои мора да ги направат како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, како и поради обврските кои доаѓаат со идното членство, а и колективниот напор за спречување на климатските промени.